Дебата за поттикнување на академската соработка меѓу Северна Македонија и Грција

Од:

Меморандум за соработка ќе биде потпишан денеска во просториите на Економскиот институт меѓу Институтот, Факултетот за економски и регионални студии при Универзитетот Македонија од Солун и Економскиот Институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

По потпишувањето на меморандумот следува панел дискусија на тема: „Поттикнување на академската соработка на регионално ниво помеѓу Република Северна Македонија и Грција: можности и предизвици“.

На панел дискусијата свое обраќање ќе имаат Силвана Мојсовска, професор по меѓународна економија на Економскиот институт, д-р Спирос Боикос, доцент по макроекономија на Факултет за економски и регионални студии, Универзитет Македонија, Солун, д-р Катерина Колозова, професор по филозофија при Институт за општествени и хуманистички науки и д-р Фотини Цимбириду, професор по антропологија од солунскиот Факултет.

На 1 февруари 2019 година, списанието Nature објави напис во кој се анализирани перспективите за научната соработка помеѓу државите Северна Македонија и Грција по ратификацијата на Преспанскиот договор во парламентите на двете земји, наведува Институтот за општествени и хуманистички науки.

Nature ја оценува моменталната соработка меѓу двете земји на ниво блиску до нула или според зборовите на авторот: „Иако договорот се соочува со жестоко противење на националистите во двете земји, тој ги прекинува политичките несогласувања (stand-off) и отвора можности за соработка, вклучително и во науката која е една од областите конкретно споменатa во договорот “.

-Со потпишувањето на овој меморандум се надеваме дека ќе отпочне еден позитивен тренд во соработката помеѓу академските институции од двете земји. Воедно ова ќе даде потик сѐ повеќе студенти од двете земји сѐ почесто да ја користат европската мрежа за мобилност Еразмус плус и се надеваме дека во иднина овие размени ќе бидат честа појава меѓу нашите две земји, се додава во соопштението на Институтот.

Би можело да ве интересира

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Професори од УКИМ бараат пријавата против ректорката Ангелова да биде приоритет за Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Професори од УКИМ поднесоа пријава до Антикорупциска против рекорката Биљана Ангелова