А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Дебата за поглавјето 24 на тема „Миграциски текови и безбедносни предизвици“

by А1он15/10/2018 - 08:21147
Share0

„Миграциски текови и безбедносни предизвици“ е темата на Третата сесија на Работната група 4 – (Правда, слобода и безбедност – Поглавје 24) од Националната конвенција за Европска унија во Република Македонија (НКЕУ-МК), што ќе се одржи денеска во Клубот на пратениците во Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во дебатата ќе се вклучат државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Магдалена Несторовска, Андреј Лепавцов од Паневропската унија во Скопје, како и професорите од Универзитетот на ЈИЕ, Блерим Река и од Факултетот за безбедност при УКИМ Трпе Стојановски. Специјален гостин на конвенцијата е словачкиот експерт за миграции Мирослав Хованчик, од Одделот за анализа на ризик и статистика, кој се очекува да даде анализа за илегалната миграција во Република Словачка.

Според организаторор, целта на оваа работна сесија е да ја вклучи стручната јавност во дебата на која ќе се расправа за важноста на проблематиката поврзана со прашањата за евентуално нов мигранатски бран по старите рути, како и отворањето нови рути. Посебно внимание ќе се посвети на безбeдносните аспекти на нелегалната миграција, која континуирано се одвива низ територијата на РМ. На крајот на сесијата се очекува да се донесат препораки.

НКЕУ-МК е отворен и континуиран форум на дијалог за прашања кои одат во прилог на реформите и пристапниот дијалог за интеграција на Република Македонија кон ЕУ. Во актуелниов момент е активна во четири поглавја: Поглaвје 11 – Земјоделство и рурален развој, Поглавје 19 – Социјална политика и вработување, Поглавје 23 – Правосудство и основни права, Поглавје 24 – Правда, слобода и безбедност. НКЕУ-МК е проект кој го реализира Европско движење во Република Македонија во соработка со Словачката асоцијација за надворешни политики и со финансиска подршка на УСАИД и СловакАид.

Следете a1on на Youtube YouTube
migranti

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ04/08/2026 - 17:5404/08/2026 - 17:56

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он02/08/2026 - 08:36

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 14:4731/07/2026 - 14:47

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:07

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:08

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 18:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео