Дебата за креирање безбедни и здрави работни места

Од:

Дебата за унапредување на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите за креирање безбедни и здрави работни места ќе се одржи денеска во организација на „Македонското здружение за заштита при работа“ во соработка со „Сојузот на Синдикатите на Македонија“.

Целта на јавната дебата, како што информираат организаторите, е да се отвори дискусија за мислењата и ставовите на сите засегнати страни во однос на унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа и промовирањето на безбедни и здрави работни места.

На дебатата ќе присуствуваат граѓански организации, работодавачи, синдикални организации, образовни институции, медиуми, претставници од релевантни сектори и други засегнати чинители.

Дебатата е во рамки на проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина – Основно човеково право“.

Би можело да ве интересира

Неготинец остана без 77.500 денари, бил жртва на вешт измамник

Мемети: Зголемен бројот на поплаки за вознемирување на работното место

Лани 33 работници загинале на работното место, најголем дел во земјоделството и во градежништвото

Татјана Ташкова

Светски ден на безбедноста и здравјето при работа

Татјана Ташкова

Потпишана новата четиригодишна Национална програма за достоинствена работа

Ана Ололовска

Дебата: „Можности и предизвици за овозможување на политики за здрави работни места‘‘

Ана Ололовска