Дебата за ЕУ, миграциите, еконосмиот развој и солидарноста

Од:

Каква иднина ја очекува Европската унија по излезот на Велика Британија и што може да се очекува по скорешните сомневања во одржливоста на мултикултурализмот кој долго време е една од темелните вредности на европскиот проект, беше само една од темите на денешната меѓународна конференција што ја организира Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

На конференцијата се обрати евроамбасадорот Самуел Жбогар, а специјален говорник беше поранешениот претседател на Република Хрватска Иво Јосиповиќ.

На конференцијата стана збор и за безбедносните закани, нивното влијание врз земјите-членки, институциите,… Во рамките на дискусиите се постави и прашањето за политиката на проширување на Европската унија со земјите од западен Балкан. Посебен акцент беше ставен на минатогодишните случувања поврзани со мигрантската криза и положбата на Македонија.

Од аспект на културолошките и историските прашања, беа опфатени теми кои се однесуваат на односите меѓу Русија, Украина и земјите-членки на ЕУ, како и ефектите од воените дејствија во 1939, во Европа, врз бегалците од Шпанија.

На конференцијата се презентираа и сознанија за влијанието на миграциските движења врз развојот на архитектурата и архитектонски форми.

Покрај учесниците од Македонија, излагања имаа и гости од Велика Британија, САД, Шпанија и Црна Гора.

На отворањето на конференцијата присуствуваа видни професори и научници, дипломати, амбасадори и претставници од државните институции. Овој собир претставуваваше одлична можност за размена на идеи меѓу еминентни домашни и странски научници, како и помеѓу пријавените учесници и акредитирани медиуми.

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина