Дебата: Собирачите се суштината на системот за управување со отпад

Од:

Собирачите на отпад ја претставуваат суштината на системот за управување со отпад, а извештаите покажуваат дека до 90 отсто од отпадот што се собира, обработува, транспортира и извезува е собран од собирачите на отпад, рече Антонио Јовановски од Здружението „Гоу Грин“ на денешната дискусија на тема „Собирачи на отпад“ во организација на Здружението.

Јовановски истакна дека поранешните извештаи покажуваат дека се регистрирани од три до пет илјади собирачи на отпад.

– Откако ќе се собере отпадот, собирачите го носат најчесто во фирми кои имаат добиено дозвола од Министерството за животна средина за собирање, транспорт, складирање и преработка на отпадот, посочи Јовановски.

Јовановски потсети на пилот проектот со кој 400 домаќинства ја селектираа пластиката дома и беа поврзани со собирачи кои правеа услуга од врата на врата и додаде дека идејата е собирачите да се поврзат со создавачите на отпадот, а тоа се домаќинствата, фирмите и зградите.

Ана Петровска, државниот секретар во Министерството за животна средина изјави дека Министерството ги утврдува политиките за намалување на отпадот, за негово повторно искористување и рециклажа.

Министерството, како што вели, подготвува план за превенција на отпадот и работи на нов закон за управување со отпадот.

– Кога ќе се формализира системот за интегрирано регионално управување со цврст отпад, ќе треба да се најде место и на неформалните собирачи на отпад кои во овој момент во отсуство на регулирани услови за нивно дејствување работат под тешки услови и во одредени ситуации ја намалуваат безбедноста во сообраќајот, вели Петровска.

Од Министерството сметаат дека ниту еден иден систем за постапување со отпадот не треба да ги игнорира неформалните постапувачи и дека треба да се најдат соодветни начини според кои тие ќе добијат одредени средства за работа, ќе им се обезбедат безбедносни услови и исто така ќе се најдат во целиот синџир на примарна селекција, собирање, транспортирање и отстранување на отпадот, се во насока да се намалат вкупните количини на отпад за отстранување.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

A1on

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло