Дебата „Омбудсманот – меѓу граѓаните и институциите“

Од:

Дебата „Омбудсманот – меѓу граѓаните и институциите“ ќе се одржи денеска во Тетово во организација на НВО Инфоцентарот и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.

Во дискусијата, како што е најавено ќе учествуваат народниот правобранител Иџет Мемети, новинарката Гордана Дувњак и извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права Уранија Пировска.

Дебатата, според организаторите, ќе се обиде да даде одговор на прашања, како што се дали и како Омбудсманот ги штити граѓаните и нивните права пред државните институции, дали граѓаните го препознаваат Омбудсманот како свој заштитник, дали државните институции постапуваат според укажувањата на Омбудсманот, дали Омбудсманот има репутација на силна, авторитетна и независна институција во јавноста..

Настанот се реализира во рамки на проектот „Граѓански мониторинг на Народниот правобранител“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.

Би можело да ве интересира

Пренатрупаност, недостиг на кадар и несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Народен правобранител: 508 случаи на сексуална злоупотреба на деца за пет години, системот со сериозни слабости

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Сиљановска-Давкова: Народниот правобранител не е надлежен за министрите, потребно е непартиско толкување на законите

Селами: Враќањето на довербата во Народниот правобранител е клучен приоритет

Горан Наумовски

Фатон Сељами од Тетово е нов Народен правобранител