Дебата „Образованието и младите во нашата земја или странство“

Од:

„Образованието и младите во нашата земја или странство” е темата на првата дебата што се одржа денеска во рамки на проектот „Младите за ЕУ“ на владиниот Секретаријат за европски прашања,со учество на студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје.

За улогата на дебатите во развојот на демократските општества пред стидентите говореа вицепремиерот за европски прашања фатмир Бесими и проректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа проф. Андрју Гудспид.

– Денешната дебата има за цел да го зголеми интересот и знаењето на младите лица за прашања и теми поврзани со ЕУ. Преку дебатите, СЕП цели кон овозможување на отворен форум за дебата помеѓу младите насочен кон охрабрување на критичното милење и поттикнување на култура каде на дебатата се гледа како демократски начин за надминување на разликите во мислењата, соопшти службата за информира на СЕП.

Првата пилот дебата во рамките на иницијативата „ЕУ Ѕвезди” се оддржа во јуни 2015 година. Цилусот дебати со студентите низ универзитетите во Република Македонија денеска започна со Универзитетот на Југоисточна Европа и  ќе продолжи и во текот на 2016 година со цел да се слуша гласот на младите како идни европски граѓани.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза