А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дебата на Универзитет на ЈИЕ за можностите на Законот за заштита на укажувачи

by А1он20/12/2016 - 17:09166
Share0

Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ во соработка со Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово денеска ја организираше третата тркалезна маса во рамки на проектот „Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите?. Дебатата се одржа во конференциската сала на Ректоратот на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, а целта на проектот што е финасиран од Европската Унија е да се предочат можностите на Законот за заштита на укажувачите во спречувањето на корупцијата во високото образование во Македонија.

Добивај вести на вибер

 – Досега направиваме споредбена анализа со странските практики за оваа област, но направивме и анкета со 513 од водечките четири универзитети во државата скопскиот, битолскиот, штипскиот и УЈИЕ во Тетово. Нашето истражување беше посветено на видувањето на студентите за корупцијата во високото образование, но и видувањето на можностите на новиот закон за спречување на корупцијата доколку постои. Тука ние добивме податоци дека само околу 7 отсто од испитаниците имале искуство со корупција на универзитетот каде студирале и тоа најмногу со обврската за купување на учебници како предуслов за полагање или положување на испитот  изјави вонредниот професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје доктор  Мишо Докмановиќ.

Тој посочи дка во истражувањето било воочено оти студентите и не се доволно запознати со законот за заштита на укажувачите донесен пред една година но и оти има критична маса за преземање на посериозни чекори во оваа насока.

Според вонредната професорка од Правниот факултет на УЈИЕ во Тетово Беса Арифи потребно е запознавање на студентите со можностите од овој закон за нивна заштита додека од друга страна мора да има вистинска реакција на институцијата каде ќе биде пријавено од страна на студентите или други лица дека имало одреден вид на корупција со цел преземање мерки за нејзино намалување и елиминирање.

По завршувањето на сите четири предвидени тркалезни маси во април следната година ќе има завршна конференција и публикација во која ќе бидат претставени препораките и можностите на универзитетите со внатрешни правила и практики да придонесат во спречувањето на корупцијата во високообразовните институции.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен