Дебата на ИППГ: Потребна поголема вклученост на лицата со попреченост во политичкиот живот

Од:

Согледување на можностите за поголемо ангажирање на лицата со попреченост во политичкиот живот и начините како тоа да се постигне се темите кои денеска ги разгледуваа учесниците на работилницата, што во организација на Интерпартиската парламентарна група се одржа во македонското Собрание.

Темите на работилницата, меѓу другото, произлегле и од последната анализа што ја направила Мисијата на ОБСЕ во Македонија, по која изготвила и препораки кои се однесуваат на усогласување на Изборниот законик со конвенцијата на правата на лицата со попреченост, воведување афирмативни мерки како „квотен систем“ за забрзано вклучување на овие лица во политичкиот и јавниот живот, поставување еден надворешен експерт во ДИК кој би бил лице со попреченост, поставување антидискриминациска клаузула во законите за медиуми и аудио и аудиовизуелни услуги, регулација на брајово писмо во изборниот процес…

– Работилницата има за цел да ги согледа можностите за политичко ангажирање на лицата со попреченост, нешто што можеби во нашето општество било непознаница, но, на ваков начин сакаме да и укажеме на јавноста дека постои и оваа група граѓани кои, од, не знаеме кои причини, не биле третирани во смисла на нивниот можен политички ангажман, а како граѓани ги користат сите права и обврски по однос на избор и да бидат избрани, рече претседателот на Собранието Талат Џафери.

Ова, додаде, е нов почеток, бидејќи, како што рече, уште кога ја презел должноста кажал дека Собранието ќе биде инклузивно за сите групи.

Претседателката на ИППГ Фросина Ташевска Ременски истакна дека е реална потребата за дебата по прашањето на политичкото учество на лицата со попреченост и оти треба да се наоѓаа начини да се надминат бариерите со кои овие лица се соочуваат.

– ИППГ како лоби група за застапување на правата на лицата со попреченост во следниот период има за задача да работи по рамка, која заеднички ја воспоставивме, за промовирање на прашања од интерес за овие лица. Во таа насока Собранието ќе биде место и форум каде што ќе бидат организирани дебати, а пратеничките групи и ИППГ ќе бидат посетители на места каде за тоа имаат потреба овие лица, рече таа.

Во совладувањето на пречките, рече, особено важно е што различните политички партии имаат ист став за овие прашања.

– Ние може имаме различни ставови по одредени други општсетвени текови и прашања, но прашањата за потребите и правата на лицата со попреченост се точката која не обединува сите. Во таа насока сакам да ги уверам овие лица, нивните здруженија и јавоста дека во следниот период во нас можат да најдат сигурен и искрен сојузник, рече Ташевска Ременски.

Гонзало Де Чезаре Шеф на одделот за човекова димензија, Мисија на ОБСЕ во Скопје потенцира дека мотото „ништо за нас без нас“ треба да биде водечки принцип на сите активности за спречување дискриминација.

– Драго ми е што на оваа дебата има лица од владиниот и невладиниот сектор за да се разговара за бариерите со кои се соочуваат лицата со попреченост кои претходно беа идентификувани преку анализа што ја спроведовме годинава, рече тој.

Додаде дека се преземени голем број позитивни чекори, како проценката на пристапноста на избирачките места во земјата, но и оти со ДИК работат на лицата со попреченост во видот да им овозможат одредена картичка преку која тие ќе можат да учествуваат во изборите.

Елена Кочоска од Полио Плус-движење против хендикеп, рече дека ИППГ овој пат отвора едно поинакво прашање, а тоа е остварувањето на граѓанските и политички права на лицата со попреченост.

– Во изминатите години нашето прашање се врти околу економските и социјалните права на лицата со попреченост, но сега за прв пат го отвораме правото за нашето политичко учество во сите области, на сите места на национално и на локално ниво, рече таа.

Работилницата се одржува во соорганизација на претседателот на македонското Собрание Талат Џафери и Полио Плус-Движење против хендикеп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште