Дебата: Да не заборавиме зошто го прославуваме 8 март

Од:

По повод Меѓународниот ден на правата на жените, 8 Март, ЦИВИЛ уште еднаш го крева гласот во поддршка на сите жени во светот и бара да се стави крај на дискриминацијата и насилството против жените. ЦИВИЛ бара од институциите да престанат со декларативните заложби и доследно да ги спроведат сите закони за заштита на човековите права и слободи и за заштита од дискриминација по родова основа. Институциите на државата и на локалната самоуправа, како и општеството во целост, мора да работат на еманципација и почитување на правата на жените. ЦИВИЛ предлага 8 Март да се прогласи за неработен ден на сите жени во земјата.

Ова го истакна претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на денешната панел дискусија „Борба, не кафана“, посветена на правата на жените.

– Зошто не смееме да го заборавиме 8 март? Тоа е баш заради потсетувањето на константната борба против нееднаквоста за раководните позиции, носители на промени. Да не го претвораме во кичерај и бесконечна комерцијализација која завршува со прослави, бесплатни ручеци, цвеќе, чоколади, скапи подароци и 24 часа слава, тоа е нешто што било и уште се случува во нашата реалност, истакна Мерита Максути, активистка за заштита на животна средина, дел од иницијативата „Еко-герила“.

Таа смета дека 8 март е денот на сите луѓе, кои веруваат дека секој човек има еднакво право на живот и општествена еднаквост без разлика на пол, раса или вера.

Според Максути, треба меѓу жените да постои солидарност и треба системски да се менува свеста, а тоа, како што рече, може само со едукација. Вели дека жените често забораваат и мислат дека се прифатени во „машкиот клуб“. Посочи дека се уште нема вистинско прифаќање, дека има сожалување, интенции љубопитност…

– Досега во животов сум поминала дваесетина интервјуа за работа и во ниту едно од нив не е изоставено прашањето во зависност од возраста што сум ја имала кога било интервјуто, дали сум во врска, во брак, дали имам деца, кога планирам да раѓам, од кога родив деца колкави ми се децата, дали одат на училиште, дали се целодневна, дали се класична настава, кој ми ги чува. Сум присуствувала на итервјуа каде што сум се фатила себе си да објаснувам многу повеќе за мојот приватен живот, отколку за моите квалификации и способности, рече Маја Ивановска од ЦИВИЛ.

Ивановска посочи дека мора да поработиме да ги научиме своите ќерки да се изборат за своите права, да го бараат сето она што му следува на секој човек на планетава Земја, а пред се да ги научиме нашите синови да ги почитуваат жените.

Претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска рече дека еднаквоста најмногу ја има во законите, меѓутоа проблемот, како што рече, не е дали ги има, туку колку се имплементираат. Според неа, руралните и маргинализираните жени се уште се чекори наназад од урбана средина.

– Уште еднаш ќе се осврнам, борба или кафеана, и едно и друго, жените мора да имаат еднакво место под сонцето како што го заслужуваат и мажите, рече Тодоровска.

Би можело да ве интересира

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Се откажуваат патувањата за 8 март: На граѓаните им доцнат пасошите, агенциите веќе ги платиле хотелите

Орце Костов

„Држава што не постапува е држава што силува“ – протестен марш по повод Меѓународниот ден на жената

Жарко Настоски

Спасовски: Горд сум што има повеќе жени во полицијата и во командните структури

Жарко Настоски