Дебарското муфтиство со добиена донација подмири долгови за лекови на најсиромашните

Од:

Дебарското муфтиство со донација од дебранец кој живее во САД, подмири долгови што граѓани од ранливите категории ги направиле за набавка на лекови.

– Наш иселеник од САД донираше 2.000 долари за лица на кои им треба помош, посебно во овие тешки денови со појавата на коронавирусот. Одлучивме со овие средства да ги подмириме долговите што овие граѓани ги направиле за набавка на лекови, изјави за МИА, Решат Качалнику, координатор на Дебарското муфтиство.

Досега се опфатени 40 лица кои земале лекови, а се запишувале во аптеки. Нивниот долг е околу 43.000 денари.

– Во овие тешки денови за сите нас, по појавата на коронавирусот во Дебар и прогласувањето на кризната состојба, повеќе наши иселеници кои живеат во САД донираа финасиски средства со кои потоа се набавуваат прехранбени и други производи и им се донираат на лицата кои се во социјален ризик, вели Качалнику.

Додава дека во изминатите денови, 250 семејства добиле пакети со прехранбени и други прозводи во вредност од по 60 односно по 100 долари, додека 65 семејства секојдневно добиваат по две векни леб.

Би можело да ве интересира

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта