Дебарското муфтиство препорачува верниците молитвите да ги вршат дома

Од:

Поради сериозноста од проширувањето на опасниот коронавирус, од кој во дебарскот регион се заразени седум лица, дебарското муфистство, преку соопштение ги замолува верниците молитвите да ги вршат во своите домови.

Иако е право на секој верник да одлучи дали ќе оди на молитва во џамија или истата ќе ја врши од дома,се замолуваат, сепак тоа да го прават дома,со цел да се заштитат себе си и другите.

– Во консултација со Реисатот на Исламската верска заедница се бара од сите верници, посебно повозрасните и хроничните болни, во следните две недели, петте дневни молитви да ги вршат дома. Истото се однесува и за петочната молитва(џума) на која во џамиите се собираат најголем број на верници. Се одлагаат и сите предавања,стои во соопштението.

Дебарското муфтство ги опфаќа општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река.

Инаку, од вкупно деветте потврдени случаи на заразени со Ковид-19 седум се од дебарскиот регион, од нив двајца од Центар Жупа и пет лица од Дебар. Многу поголем е бројот на оние кои се во домашна изолација,меѓу нив и здравствени работници.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски