Тежок пораз на ВМРО-ДПМНЕ на овие 6. по ред локални избори. Партијата ги загуби дури и оние општини кои важеа за традиционални бастиони.
СДСМ е апсолутен победник на изборите, победа извојува уште во прв круг во околу 40 општини.
ВМРО-ДПМНЕ ги освои општините Сопиште, Петровец и Илинден, Зрновци, Чешиново-Облешево и Пробиштип. Партијата на Груевски води и во Штип, во Кавадарци и во Новаци.
Паднаа Гази Баба, Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Аеродром, кои досега беа упоришта на ВМРО-ДПМНЕ, но и Прилеп и Битола.
Петре Шилегов со повеќе од 60 проценти обработени податоци води со 28.964 гласа пред Коце Трајановски, и извесна е победа во прв круг.
СДСМ победи во Бутел, Ѓорче Петров, Арачиново, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Шуто Оризари, големо изненадување е победата во Кратово.
СДСМ води во Кисела Вода со над илјада гласа.
Партијата на Заев и Коалицијата извојуваа големи победи во Охрид, Битола, Прилеп, Велес, Крива, Паланка, Делчево, Берово, Македонска Каменица, Виница, Пехчево, Валандово, Гевгелија, Дојран, Богданци, Маврово-Ростуше, Дебарца, Демир Хисар, Чашка, Македонски Брод.
И во Шуто Оризари води СДСМ, но најверојатно ќе има втор круг.