Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот

Од:

По донесувањето на времената мерка на Уставниот суд, со која се замрзна исплатата на надополнувањето на основната плата за 30 проценти на вработените во Министерство за финансии (МФ) и вработените во другите органи на управата, денеска, членови на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) одржаа мирен протест пред Министерството за финансии.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски посочи дека доколку Уставниот суд донесе одлука со која работниците нема да можат да го добиваат надополнувањето на плата, работата на Бирото за јавни набавки ќе прекине, со што ниту една институција во државата нема да може да набави било што и да биде потребно за вршење на нивната работа.

Додаде дека постои опасност Министерството за финансии да го затвори трезорот и ниту еден вработен во јавниот сектор да не добие плата.

– Доколку Уставниот суд донесе одлука со која што нема да можат овие работници да го добиваат ова надополнување на плата ќе предизвика големо незадоволство што би значело дека Управата за имотно правни работи нема да ги работи експропријација на „Бехтел“ и „Енка“, Бирото за јавни набавки нема да работи, нема да има ниту една институција во државата да може да набавува било што ќе им биде потребно за нивната работа, а пак има опасност Министерството за финансии да го затвори трезорот и ниту еден вработен во јавниот сектор да не добие плата, посочи Деаноски.

Деаноски вели од моментот на поднесување на иницијатива до донесување на времена мерка помина само еден месец, а Уставниот суд за иницијативи поднесени од Синдикатот нема одлучено две и пол години. Опасноста што следи, вели тој, е да Уставниот суд има право да донесе одлука – да ја одбие иницијативата.

– Зошто го направи тоа Уставниот суд и нас се уште ни е нејасно, бидејќи од моментот на поднесување на иницијатива до донесување на времена мерка помина само еден месец, а Уставниот суд за наши иницијативи нема одлучено две и пол години. Апелирам уште еднаш кога ќе се носи одлуката Уставниот суд да си внимава за ретроактивноста, бидејќи не смее да се носат одлуки што се ретроактивни и да ги казни уште повеќе овие вработени, а да знаете и тоа дека сите вработени си ги планираа парите, земаа уште повеќе кредити, купија многу повеќе од тоа што треба, а сега тие пари им ги скратија на работниците, рече Деаноски.

Вели Синдикатот заедно со Министерството за финансии изнаоѓа начин како работниците ќе можат да ги задржат 30-те проценти надополнување на плата и додаде дека како Синдикат инсистираат на потпишување на колективен договор.

– Ние направивме состаноци со раководството на Министерството за финансии на исто мислење сме, наоѓаме начини како да го анулираме ова, како да направиме нешто што работниците ќе може да го задржат ова 30 проценти надополнување на плата. Ние инсистираме како Синдикат на потпишување на колективен договор. Останува во наредните денови повторно да се сретнеме со раководството на Министерството за финансии и мислам дека треба да најдеме заеднички начин да го решиме овој проблем, истакна Деаноски.

Би можело да ве интересира

Осигурувањето за регистрација сепак поскапува: Премијата останува иста, повисоки се трошоците на осигурителните компании

Орце Костов

МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР

МФ: Се проширува поддршката од Трезорот на САД – Нов Договор за зајакнување на капацитетите за надзор над небанкарскиот финансиски сектор

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Конзистентноста во политиките, напорите за фискална консолидација и економски раст потврдени од „Стандард и Пурс“, задржан кредитниот рејтинг

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ