А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Де Моншален: Нема автоматизам за отворањето преговори во март

by А1он03/02/2020 - 17:4904/02/2020 - 09:28385
Share0

Француската државна секретарка за европски прашања, Амели де Моншален, на прес – конференција во Брисел уверува дека методологијата што ќе ја објави Европската Комисија во среда ќе биде задоволителна за Франција, но сѐ уште не гарантира отворање на преговорите за Македонија и Албанија во март.

Следете a1on на Instagram Instagram

Франција инсистира новата методологија да вклучува четири клучни принципи: реверзибилност, политичко управување со процесот, постепеност и конкретност. Според дипломатите во Брисел кои се запознаени со нацртот на ЕК овие барања на Париз ќе бидат задоволени. Потоа земјите членки ќе треба во текот на следниот месец да ја прифатат оваа нова методологија и да одлучат дали даваат зелено светло за почеток на преговори со Македонија и Албанија.

Француската државна секретарка за европски работи на денешната прес  – конференција во Брисел рече дека не може да каже за сега која ќе биде позицијата на Франција сѐ додека не се објави реформата на процесот како и извештајот на Европската Комисија за реформите во земјите, кој се очекува во март исто така.

– Треба да има договор меѓу земјите членки, да биде одобрено, да се осигуриме дека во извештајот на ЕК во март дава позитивна дијагноза и да има вистински економски патоказ, а не судски и административен монопол во регион во кој сакаме да тежиме, мора да има конкретни економски предлози, инаку зборуваме за политика на сигнал како што ја нарекувам за да се чувствуваме добро морално, рече Моншален на прашањето дали Франција ќе даде зелено светло за преговори доколку методологијата е задоволителна за Париз.

Следете a1on на Youtube YouTube

Моншален рече дека очекува „да има отворена дискусија со другите земји членки на оваа тема и да го види извештајот на Европската Комисија за реформите“, додавајќи дека „нема автоматизам“.

– Претседателот Макрон во октомври рече дека не дава мандат за почеток на преговори кои не носат конкретни бенефити, оваа позиција нема да се смени, ако немаме увереност за исходот не гледам зошто би смениле став, за да смениме став треба рамката да еволуира, да има реформа во рамките на мандатот за преговори, додаде државната секретарка.

За Франција, вели таа, е екстремно важно „начинот на кој се пристапува до преговорите биде кохерентен со тоа што го бараме, постепеност, конкретност, реверзибилност и политичко управување„.

– Ако имаме договор тогаш одлуката ќе се постави поинаку и ќе видиме дали работите можат да еволуираат, изјави де Моншален.

eu

Би можело да ве интересира

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 17:53

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Горан Наумовски18/06/2026 - 14:28

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски17/06/2026 - 14:2917/06/2026 - 15:13

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина

Горан Наумовски17/06/2026 - 14:28

Зеленски: Украина е подготвена да го забрза пристапувањето кон ЕУ и да ги отвори сите кластери

Горан Наумовски16/06/2026 - 14:37

Израелците во Европа ги продаваат палестинските производи како свои

Горан Наумовски16/06/2026 - 07:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто