Давор Иво Стиер: Хрватска ја засилува Македонија во Брисел

Од:

Македонија добива нов сојузник во Европскиот Парламент. Хрватските европратеници од септември најавуваат голем притисок во Брисел за да издејствуваат старт за македонските преговори. Европратеникот Давор Иво Стиер за Канал 5 најави офанзива против политиките на Грција. Стиер вели дека Македонија е подготвена и мора да почне со преговорите. Хрватските европратеници ќе го притискаат и еврокомесарот Штефан Филе да не отстапува од намерите Македонија на следниот европски Самит да добие согласност за преговори.

– За нас принципиелно е дека билатералните проблеми, а ова е билатерално прашање меѓу Атина и Скопје, не треба да го попречува интегрирањето на Македонија. Тука се работи за политичка блокада, не станува збор дека не се исполнети критериумите, ние ќе работиме да се развива свеста дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка европската агенда во случајот европската интеграција на Македонија, вели Давор Иво Стиер европратеник од Хрватска.

Хрватските европратеници ќе го притискаат и еврокомесарот Штефан Филе да не отстапува од намерите Македонија на следниот европски Самит да добие согласност за преговори.

Хрватска на состаноците во Брисел ќе инсистира билатералните проблеми да не ја загрозуваат политиката на проширување. Стиер најави дека од септември, тој и неговите колеги од Хрватска ќе се зачленат во групата „Пријатели на Македонија“ во која партиципираат околу 20-тина европратеници од цела Европа.

Хрватските европратеници најавуваа силна поддршка за известувачот за Македонија Ричард Ховит. Тие остро ќе се спротиставуваат на грчкиот и бугарскиот притисок во Европскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија