Давидов: Ни треба добро осмислен саем за мало стопанство

Од:

Потребен ни е добро осмислен саем за мало стопанство, рече денеска на прес-конференција независниот кандидат за градоначалник на Кавадарци Борис Давидов.

– Ни треба добро осмислен саем за мало стопанство. Нашите занаетчии и лозари да ги изнесат своите производи и да ги продаваат. Да донесеме луѓе од страна кои ќе ги купуваат и ќе бидат партнери, нагласи Давидов.

Многу е важно, како што рече, да поразговараме каква општина треба, почнувајќи од администрацијата, која треба да е поефикасна, да се организира во тимови и да дава услуги на граѓаните зошто таа е составен дел од развојот на општината.

– Какво образование ни треба, дали треба да биде повеќе на теоретска настава или во природа и кабинети, практично да знаат да изведуваат настава. Ние имаме земјоделско училиште, техничко, но дали тие кадри се оспособени во малото стопанство да одат да отворат свои бизниси, на пример за лозови садници, расадници, хортикултура. Дали можат веднаш да почнат со занаети. Не само да произведуваме кадри кои ќе размислуваат каде да се сместат во установа како службеници, додаде Давидов.

Тој истакна дека треба да се размисли за поставување споменик во градот кој ќе го симболизира грозјето и виното. Според него потребно е да се работи на унапредување на лозаро-винарските односи.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ