Давидов: До локален економски развој преку малото стопанство кое е потенцијал

Од:

До локален економски развој преку малото стопанство кое е потенцијал, рече синоќа на митинг Борис Давидов, независен кандидат за градоначалник на Кавадарци.

– Општината не ја прават улиците и зградите туку ние луѓето самите. Од нас зависат многу работи и затоа најважно е да се средат меѓучовечките односи. Да се почне со екологија на свеста. “Не” за омразата, порача Давидов на градскиот плоштад.

Градот ни е разрушен, додаде, „бидејќи ние сме разрушени одвнатре”.

– И што ќе се гради врз такви урнатини. Ги имаме сите ресурси и прекрасни луѓе, на кои секогаш ќе им бидам на располагање. Јас сум човек кој никогаш не се откажува, нагласи тој.

Осврнувајќи се на проблемите во лозаровинарството, рече дека ќе се залага сите преработувачи на грозје да понудат банкарски гаранции дека ќе го платат родот што го откупуваат.

Давидов посочи и на недоволно организирана администрација која според него слабо се залага за добивање на грантови за развој.

– Ми велат не си од партија, а јас не сум против партиите. Но партиските поделби не водат кон развој и не значи дека нема успех ако локалната не е иста како и централната власт, нагласи тој од пред кавадаречката општина.

Давидов критикуваше бидејќи се уривало тоа што предците го изградиле, парковите биле запуштени, а манифестацијата „Тиквешки гроздобер” била слаба и со се полош квалитет. Се осврна и на проблемот со кучињата скитници. Рече дека градот е нечист и најави педесет процентно зголемување на платите на комуналните работници.

– Остатокот од животот сакам да му го посветам на мојот град, изјави тој.

Би можело да ве интересира

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Учителка од Кавадарци шпионирала колешка кај директорката на училиштето