Даути: Во Тетово беше ветувано училиште, но оставија само кал и камења

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Тетово од ДПА Биљал Даути заедно со носителот на листата за советници Аднан Биљали и членовите на изборниот штаб на ДПА за општина Тетово денеска одржа прес-конференција кај просторот зад факултетот за уметности во тетовска Мала Речица.

-Дојдовеме денеска на ова место за да укажеме на уште едно неисполнето ветување од страна на досегашната градоначалничка Теута Арифи која ветуваше дека тука ќе се изгради ново основно училиште за потребите на населението и пред се учениците од оваа тетовска приградска населба. Но наместо училиште сега тука и натаму има кал, камења и смет, рече Даути.

Во рамките на денешната предизборна кампања од ДПА информираа дека вечерва ќе одржат митинг во гостиварско Чегране.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски