Дарко Митевски кандидат за градоначалник во Македонска Каменица на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ вечерва го промовира досегашниот градоначалник д-р Дарко Митевски за кандидат за прв човек на Општината на претстојните локални избори.

– Во 2009 година кога ја добив вашата доверба ветив дека заедно со Советот на Општината и во соработка со Владата ќе работиме посветено и одговорно. Постигнавме многу: изградивме спортска сала, асфалтиравме повеќе улици и локални патишта до селата, го уредивме кејот на Каменичка Река, изградивме нов плоштад, ги реновиравме зградите на градинката и Основното училиште, отворивме Средно училиште, реализиравме над 90 отсто од ветените проекти, истакна во своето обраќање Митевски.

Денеска, додаде, со чист образ излегувам пред Вас и барам втор мандат, за да го продолжиме подемот на Македонска Каменица, да ја изградиме индустриската зона, како еден од условите за отворање нови работни места, да ја доизградиме комуналната инфраструктура, да ја подобриме социо-економската состојба во Општината.

Тој се заблагодари на Владата и на премиерот за помошта за деблокирање на општинската сметка и за спроведување на децентрализацијата, со што е овозможено да се реализираат стотина проекти. Тој ја претстави и својата програма за вториот мандат.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела