Данкан: Референдумот ја одредува иднината на Македонија

Од:

Тука сме во момент што е многу значаен за земјата и можам да кажам дека договорот што го потпишаа премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев е извонреден чекор за иднината на Македонија, порача британскиот министер за Европа и Америка Сер Алан Данкан.

– Се надевам дека луѓето ќе учествуваат на референдумот на крајот на месецов. Сметам дека тоа ќе биде значаен чекор напред за Македонија и верувам дека сите, а особено младите луѓе ќе покажат интерес за одлуката. Ова е одлука за вас и јас како министер на друга држава не можам да ви кажам што треба да правите, но можам да ве замолам да учествувате на реферндумот. Младите луѓе треба да сфатат дека се работи за нивната иднина и да разберат дека е чекор напред што ќе и овозможи на Македонија да се придружи на другите земји во НАТО и ЕУ, изјави Данкан по потпишувањето меморадум за изработка на енергетска стратегија на земјава за наредните 30 години со вицепремерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Нагласи дека се надева оти референдумот ќе биде успешен и ќе се донесе „чиста одлука“ што ќе ја одреди иднината на Македонија за декадите што доаѓаат.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија и Кина би можеле да бидат подготвени за конфронтација со Западот веќе во 2027 година

Русите ја подготвуваат јавноста за војна со НАТО

Горан Наумовски

Грушко: НАТО се подготвува за конфликт со Русија

Медиуми: Трамп се согласил со планот на НАТО за капитулација на Русија во Украина

Горан Наумовски

Медведев: Русија нема намера да војува со НАТО или да ја нападне Европа

Руте: Земји како Бразил, Кина и Индија би можеле да бидат силно погодени од секундарни санкции