Данкан: Договорот за добрососедство е чекор во вистинска насока

Од:

Британскиот министер за Европа, Алан Данкан го поздрави потпишувањето на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

– При моите неодамнешни посети на Бугарија и Македонија видов силна посветеност за подобрување на односите меѓу двете земји. Го поздравувам потпишувањето на Договорот за пријателство помеѓу Бугарија и Македонија како чекор напред во вистинската насока. Добрососедските односи помеѓу Бугарија и Македонија се клучни за обезбедување на стабилност во регионот, се вели во пишаната изјава на Данкан.

Обединетото Кралство, истакнува Данкан, целосно ја поддржува новата Влада на Македонија во спроведувањето на неопходните реформи во земјата, и обнова и унапредување на односите со соседите. Обединетото Кралство и Бугарија исто така споделуваат цврсто пријателство, во очекување на нивното престедателство со Европскиот Совет во 2018 година, пишува британскиот министер за Европа, Алан Данкан.

Тој се надева дека парламентите на двете земји ќе го ратификуваат Договорот за пријателство, со што, како што вели, ќе може повеќе да се искористи оваа прилика за напредок.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

(ВИДЕО) Рустеми: Не ме викнале на распит за надзорот на „Бехтел и Енка“, стојам на располагање на обвинителството

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Ковачевски: „Бехтел и Енка“ не сакаат договорот да биде достапен на пошироката јавност

Орце Костов

Во Доха потпишан мировен договор со бунтовничките групи

А1он

Абазовиќ: Со потпишувањето на Темелниот договор се врти нов лист, градиме општество на еднаквост

А1он