Данијела Баришиќ: Членувањето во ЕУ и НАТО носи поволности

Од:

Членувањето во ЕУ и НАТО носи поволности и затоа Република Македонија треба да биде еднаков дел на овие организации, порача амбасадорот на Хрватска Данијела Баришиќ на трибина во Битола.

На средбата со граѓаните, Баришиќ особено ги издвои економските и стопанските придобивки кои ги почувствала нејзината матична држава, и затоа како што рече и граѓаните во Македонија треба да ги знаат хрватските искуства.

– Нашето членување во НАТО и ЕУ, нам како држава ни донесе многу поволности, пред се економски, стопански, но и безбедносни. Хрватска е мала држава, но како посттранзициска и постконфликтна, сега е држава за која се слуша и која има ставови кои може да се искажат меѓу најсилните партнери. Сакаме и Македонија да биде еднаков дел на ЕУ и НАТО. Во таа смисла, нагласи Баришиќ за референдумот што ќе се одржи на 30 септември, важно е луѓето да знаат како ќе гласаат, и да бидат информирани за тоа каква иднина ги очекува.

На јавната дебата организирана од УСАИД посветена на перспективите кои ги отвора НАТО интеграцијата на Македонија, претседателот на Евро-атлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани посочи дека најголем дел од граѓаните во Македонија знаат зошто е важно членувањето во ЕУ и НАТО.

– Република Македонија е на одличен пат дефинитивно да го конкретизира тоа што е опција, про-НАТО и про-европски, затоа што сите досегашни анкети покажаа дека на граѓаните им е јасно зошто сакаат ЕУ и НАТО, истакна Рамадани.

Пред претставници на граѓанскиот и бизнис сектор, академската заедница и претставници на други институции свои мислења искажаа и Стево Пендаровски, национален координатор за НАТО, Горан Илиќ, декан на Правниот факултет-Кичево при УКЛО-Битола и студентката Настасија Стојановиќ.

Би можело да ве интересира

Захарова: Присуството на НАТО на Арктикот е провокација

Данска: Одбраната на Гренланд е заедничка одговорност на НАТО

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ