Позитивниот моментум што е создаден по потпишувањето на Преспанскиот договор треба се одржи и сочува. Фокусот треба да насочи на реформите во пресрет на јуни кога Советот на ЕУ ќе одлучува за отворање на пристапните преговори. Предвремените избори ќе го одземат тој фокус и потребната енергија, порача Кристијан Даниелсон, директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, на денешната прес-конференција во ЕУ Инфо центарот.
Истакна дека тоа беше псоочено и во заклучоците на Советот на ЕУ минатата година кој го постави патот за почнување на пристапните преговори.
– Фокусот треба да биде на испорачување резултати. Таму треба да бидат насочени напорите. Веруваме дека предвремените избори ќе го одземат тој фокус и нема да бидете во можност да ја дадете потребната енергија се со цел да се адресираат останатите отворени прашања. Тука зборуваме за реформите во судството, борбата со корупцијата и организираниот кринминал, реформата на безбедносните служби и функционирањето на јавната администрација, истакна Даниелсон.
Нагласи дека не станува збор само за законодавството, туку треба да се види и импелментацијата односно спроведувањето на законите.
Даниелсон посочи дека овие пораки им ги пренел на сите негови соговорници за време на дводоневниот престој во Скопје и оти се однесуваат и на валдејачкото мнозинство и на опозицијата.