Данева: СДСМ го присили ВМРО-ДПМНЕ да ги повлече енормните казни во Законот за прекршоци

Од:

Пратеничката на СДСМ Ана Павловска-Данева денеска изјави дека под нивен притисок Владата го повлекла Законот за прекршоци, кој, како што наведе, предвидувал казни и до десетици илјади евра.

„СДСМ ги присили Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат енормните казни во Законот за прекршоци, што достигнуваат и до десетици илјади евра“, рече Ана Павловска Данева, пратеник во Собранието на Р. Македонија.

„СДСМ постојано инсистира и сегашните казни да се преполоват, а ВМРО-ДПМНЕ понуди законско решение со двојното и тројно зголемување на казните за граѓаните, во услови на невидена сиромаштија досега. Замислете, за обичен прекршок, делата да не застаруваат до 10 години!

Ние, пратениците на СДСМ, од првиот момент го одбивме овој неразумен потег на власта и кажавме дека ваквото решение нема да биде изгласано. Како резултат на нашиот притисок, Владата денеска го повлече Законот за прекршоци. СДСМ ги заштити интересите на граѓаните“, вели пратеничката.

Посочи дека Владата била должна да отвори јавна расправа и дијалог со опозицијата уште пред да го пушти Законот во собраниска процедура посебно, како што рече, кога станува збор за системски закон што се носи со двотретинско мнозинство.

„Владата беше должна самата да отвори јавна расправа и дијалог со опозицијата уште пред да го пушти Законот во собраниска процедура. Посебно што станува збор за системски закон што се носи со двотретинско мнозинство. Така работеше СДСМ во 2005-та година, кога со тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ, компромисно ги договараше ваквите законски проекти“, изјави Павловска Данева.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски спроведува опасна партизација на АНБ и крши закон, Христовски да биде разрешен

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ е против етнички институции-советниците нема да ги гласаат буџетите во тие општини

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа