Данев: Случајот со Спасов класична криминално-полициска местенка

Од:

Целата македонска јавност вчера виде до каде се подготвени да одат политичко – криминалните структури на СДСМ, се увери дека СДСМ политиката ја гледа само како поле на кое што со конструкции и црни сценарија ќе се манипулираат граѓаните и повторно на дело ја виде деструкцијата на аболицираниот Зоран Заев и неговите најблиски соработници, изјави денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Сега, рече тој, секому му е јасно дека случајот со Диме Спасов е класична криминално – полициска местенка и дека СДСМ го бараше Министерството за внатрешни работи заради реализација на ваквите местенки и злоупотреба на полицијата во партиски цели.

– Чаушите во СДСМ на чело со аболицираниот Заев одамна го окупираа СДСМ. Аболицираниот Зоран Заев наметнува политика која се базира на местенки, насилства и подметнувања, рече Данев додавајќи дека СДСМ склучила пакт со криминалците кои го нападнаа министерот Спасов да се прикрие нивното насилство и да се организира медиумски линч врз него.

За реализација на ваквото сценарио, според Данев, беше задолжен оној кој не успеа да ја прикрие Фабриката за афери на Захир Бекири – Чауш, генералниот секретар Оливер Спасовски.

– Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски не беше сам во оваа конструкција. Тој го ангажираше партискиот послушник Примислав Димовски и неговите соработници во алфа единицата за изведување на оваа операција. Тие беа на иста страна со криминалците додека вперуваа оружје кон министерот Диме Спасов, рече Данев.

СДСМ, според него, е должен да одговори кои се криминалците кои стоеја зад алфите, се потсмеваа и им дофрлаа додека овие со оружје се закануваа кон Диме Спасов. Која е целта на нивното присуство таму и која е цената на нивниот ангажман, праша тој.

Обвини дека СДСМ и медиумите кои им се под контрола цела недела ја лажеле јавноста, изнесувајќи неточни информации, се исмевале и ги манипулирале граѓаните.

– Сега целата јавност виде дека судар немало, а полицијата вперува оружје, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

После снимките кои вчера излегоа во јавноста, според Данев, никој во земјава не се чувствува безбедно и видоа дека веќе нема полиција, додека СДСМ раководи со Министерството.

Побара заминување од функциите на Оливер Спасовски и Примислав Димовски и остатокот од, како што кажа, партискиот тим на аболицираниот Заев во МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски