Данев: СДСМ нема да може да избега од екстерното за нивните антиреформи

Од:

„Антиреформската влада на СДСМ продолжува со катастрофалното делување во сферата на образованието.

Реномираната Кембриџ програма по која учат младите во најдобрите училишта во светот од септември нема да биде дел од образовниот систем, бидејќи за СДСМ е единствено важен нивниот поход за оцрнување на сите добри дела и проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

Порано СДСМ тврдеше дека Кембриџ програмата е штетна и мора да се укине. Сега СДСМ признава дека Кембриџ програмата е светска и квалитетна, но не им чинеле учебниците по кои се спроведува таа програма. А учебниците се само преведени и прилагодени на соодветната програма во Република Македонија.

Овој нов катастрофален потег на СДСМ во образованието е дел од антиреформската стратегија на власта која наместо да се занимава со реализација на 500 евра плата, 500 километри автопати и 100.000 денари плата за лекарите, се труди од петни жили прво да оцрнува добри проекти на ВМРО-ДПМНЕ, па наводно да ги спасува и поправа во последен момент.

Така, СДСМ сака да каже дека да не беше СДСМ автопатот Охрид-Кичево немаше да постои, да не беше СДСМ немаше да има Супер Куп на Европа во фудбал, да не беше СДСМ немаше да има нов клинички центар. Сега СДСМ тврди дека да не беше СДСМ ни Кембриџ немаше да е тоа што е.

Ваквите штетни и провидни манипулации се само доказ за безидејноста и неработливоста на СДСМ, Дескоска и Заев на кои полесно им е да одлагаат и укинуваат, наместо да земат и да сработат нешто во корист на граѓаните.

Таков беше случајот и со екстерното оценување, мерка која постои за да го контролира квалитетот на оценување, а СДСМ од популистички причини ја укина и отвори можност повторно во училиштата во Македонија да има цели одделенија со просек 5. Така не се гради иднина, така не се создаваат писмени и стручни генерации кои ќе ја движат Македонија напред.

И СДСМ нема да може да избега од екстерното за нивните антиреформи.

За вакви катастрофални потези во образованието граѓаните во првата наредна прилика ќе ги оценат со неизбежниот недоволен Еден“, изјави Драган Данев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски