Данев: СДС не успеа да изврши Пуч во Собранието

Од:

„СДС вчера не успеа да изврши Пуч во Собранието и со прекршување на Уставот на Република Македонија и Деловникот за работа на Собранието, да го одземе најсветото право на пратениците, а тоа е правото на говор и дискусија.

СДС не успеа вчера да спречи дискусија и на мала врата да си ја турка агендата од Тиранската Платформа што ја прифати само за да дојдат на власт и да не одговааат за криминалот што го направија.

Ваков дрзок обид за одземање на правото за збор на пратениците досега е невиден во Собранието на Република Македонија.

Ова не преставуваше само обид да се замолчат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, туку претставуваше обид да се спречи да се слушне гласот на повеќе од 454 илјади граѓани кои својот глас на последните парламентарни избори го дадоа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Ова претставуваше и обид да се игнорираат и да не се слушне мислењето и на оние 200.000 граѓани кои што секојдневно протестираат на улиците и кои што апелираат нивните ставови да бидат јасно, гласно и прецизно кажани во Собранието.

Деловникот за работа на Собранието е многу јасен и прецизен.

Согласно член 80, став 2 на Деловникот претресот трае додека не се исцрпи листата на пратеници кои се пријавиле за збор. Ова не може да биде прекршено под ниту едни услови. Ова не смее да биде прекршено поради нечија политичка желба или намера на било кој пратеник.

СДС на овој начин со грубо газење на демократијата, Уставот на Република Македонија и Деловникот за работа на Собранието сакаат да побегнат од дебата за постизборната политичка измама која што ја направија со прифаќање на Тиранската Платформа.

СДС не сака во Собранието да се дискутира за намерите за воведување двојазичност, промена на банкнотите или униформите.

Не сакаат да се дискутира за обврската која што ја преземале за промена на знамето, грбот и химната.

Не сакаат да се дискутира за намерата да донесат декларација за геноцид врз Албанците.

Не сакаат да се дискутира ниту за навредите и негирањето на македонскиот идентитет или водењето на државата кон федерализација и бинационалност.

СДС како многупати досега сакаат да ги сокријат работите надевајќи се дека граѓаните нема да видат какво предавство на Република Македонија и е извршено.

Намерата на СДС да избега од дебата за Тиранската Платформа нема да им помине.

Овој пат нема да го дозволиме тоа и во Собранието на Република Македонија ќе се дискутира јасно, гласно и отворено за сите прашања, особено за оние од кои зависи иднината на суверена Македонија.

Секој обид на СДС во иднина на ваков, сличен или уште подрзок начин да направат насилство врз Собранието за да им се оневозможи на пратенците да говорат не може да донесе ништо добро.

Ние упатуваме апел никој да не се обидува да применува ниту политичко, ниту ефективно насилство во работата на Собранието на Република Македонија, да се смири нервозата и да дозволи процедурите да си течат така како што досега секогаш во согласност со Деловникот на Собранието на Република Македонија течеле“, изјави Драган Данев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски