Данев: СДС да каже како нејзини функционери се стекнале со имот во време на наводен режим

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара функционерите на СДСМ да одговорат како се стекнале со толкав имот во време на, како што велат, наводен режим.

– Скандалозно е како министрите од СДС во време на наводен режим се збогатиле со милионски капитал и за многу кус период станаа газди на огромни богатства, станаа милионери, стекнувајќи се со луксузни станови, куќи, хациенди на море и луксузни возила под услови на наводен режим и диктатура, изјави Драган Данев.

Тој рече дека граѓаните очекуваат одговори како Роберт Поповски се стекнал со имот од три стана, куќа со над 400 квадрати двор и уметнички слики од над еден милион и 200 илјади денари, како Никола Димитров стекнал имот од околу половина милион евра и стан од над 300.000 евра во Хаг, како Кочо Анѓушев поседува капитал од над 28 милиони евра и Зоран Заев заработил 6 до 7 милиони евра.

– Лажната скромност и лажната транспарентност излезе на виделина. Граѓаните ја очекуваат транспарентноста од функционерите на СДС која тие ја ветуваа и очекуваат одговор на прашањата како се стекнале со толкав имот во време на наводен режим, рече Данев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус