Данев: Опозицијата нема намера да го блокира носењето на законот за медиуми

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев денеска ги отфрли твдењата дека опозициските пратеници го блокираат носењето на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Данев, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека опозицијата нема намера да го блокира законот за медиуми, кој беше најавувано дека ќе се носи консензуално, обвинувајќи дека „СДСМ сака да го протурка на сила во Собранието“.

– Законот за медиуми на матичната комисија е ставен на дневен ред неколку пати и се расправа за амандманите поднесени и од опозицијата и од владејачкото мнозинство. Што се однесува до амандманите на опозицијата, тоа се веќе апсолвирани факти од јавните расправи на стручната јавност и апсолутно ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата нема намера да го блокира законот за медиуми, кој впрочем беше најавуван дека ќе се носи консензуално но гледаме дека СДСМ сака да го протурка на сила во Собранието, рече Данев.

Според него, вчерашната порака на ЕУ јасно и гласно ги потврдила тврдењата на опозцијата дека на Република Македонија не и требаат „нови и нови закони“ туку дека треба една вистинска реформа на институциите.

Во однос на менувањето на првиот човек и членови на Агенцијата за медиуми, Данев рече дека тие како и членовите на други регулаторни тела не треба да се менуваат со закон.

– Тоа е лоша пракса во Република Македонија, смета координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање