Повторно зовреа страстите во Комисијата за лустрација. Повод, овојпат се новите правила, кои значат усогласување со новиот Закон за верификација на фактите.
Се кратат дискусиите на членовите и само соработка со претседателот на Комисијата, Томе Аџиев, на кого, вели опозицијата одамна му е завршен мандатот, и одлуките на Комисијата се нелегитимни, ќе има право да ги соопштува донесените одлуки.
„Сакаат да не замолчат . Ограничена ни е дискусијата на три минути, а ние одлучуваме за човечки животи. Ова е насилство“, велат членовите на Комисијата, Благоја Гешоски и Чедомир Дамјановски.
Аџиев пак, изјави дека Комисијата ја претставува и застапува претседателот на Комисијата.
Со новиот Закон за лустрација, кој е донесен без опозицијата, се предвидува имињата на соработниците на Тајните служби да бидат јавно објавени, нивните досиеја, документите и службените белешки. Законот ќе го опфаќа периодот до 2006 година, односно од примената на Законот за слободен пристап до информации.