Дали ВМРО-ДПМНЕ во Струга е пред поделба на стари и нови?

Од:

Функциите во општина Струга ги разгореа страстите на старите и новите ВМРО-вци. Продолжуваат превирањата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Струга. Неофицијално во текот на утрешниот ден најдоцна до понеделник се очекува да бидат разрешени и директорките на основните училишта во селото Дрслајца, Жана Димовска и основното училиште Јосип Броз Тито – Ана Столеска.

На нивно место според информации на А1 се бараат нови кадри, но од ВМРО-ДПМНЕ, односно ВМРО-вци треба да бидат заменети со нови ВМРО-вци.

– Пратеничката Лилјана Затуроска прави се и настојува да не разреши од функциите затоа што не сме по нејзин терк. Иако во нашето работење досегашно сме покажувале само успеси, рече Жана Димовска директор во селото Дрслајца.

Димовска и вчера заедно со разрешената заменик диркеторка во гимназијата Ибраим Темо, Соња Столевска, упатија остри критики до пратеничката и општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

„Ние кои што сме базата, носителите и јадрото на ВМРО- ДПМНЕ во Струга почнувајки од 1990 година па до денес не сме консултирани за никакви договори и одлуки кои се носат од страна на ОК, ниту пак учествуваме во некакви коалиции или коалициони договори. Едноставно тие работат онака како што имаат замислено.

– Потиснати сме од оние кои се сосема нови во ВМРО-ДПМНЕ во Струга, а кои се блиски другари, соработници односно полтрони на пратеничката“, рече Димовска.

Неофицијано некои од членовите на партијата во Струга кои не се дел од општинскиот комитет веќе имале средба со новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Седница на градскиот совет во Струга треба да се одржи во понеделник.

Струшкиот градоначалник Зијадин Села негира дека има договор за коалиција помеѓу ДПА и ВМРО-ДПМНЕ како и СДСМ од друга страна.

Тој вели дека кога ќе има договор за тоа јавноста благовремено ќе била известена. Села за А1он предупреди дека нема да прифати никакви уцени и барања од партиите кои би биле превисоки и кои не одоговараат на реалноста, иако негира дека некои работи веќе биле договрени.

„Преголеми барања и уцени нема да дозволам и тоа јасно и гласно им го кажувам на сите“, вели Села.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

Орце Костов