Дали Уставниот суд може да ги поништи изборите поради пречекорените рокови?

Од:

Дали со пролонгирање на рокот за распуштање на Собранието некој калкулира подоцна Уставниот суд преку иницијатива да ја оценува уставноста на одржувањето на предвремените парламентарни избори?

Рокот од 60 дена да се распушти Собранието до одржувањето на изборите веќе помина, а можноста тоа да се распушти и на 45 дена до избори не постои во Уставот.

Екс уставниот судија Трендафил Ивановски вели дека терминот за распуштање пред избори е категорички определен во рок од 60 дена, а собранието нема никаква можност за распуштање на 40 дена пред избори.

– Од Уставниот суд не очекувам ништо, тој не се произнесува ни кога треба, а камо ли сега, имајќи во предвид како работи, нема елементарни услови да се произнесе, а дали некој сака некоја манипулација, не би шпекулирал, сметам дека нема можност за такво нешто, вели Ивановски за А1он.

Судијката Маргарита Цаца Ивановска пак вели дека пред да се каже било што, мора да се види што би содржела таа иницијатива.

– Распуштање на Собранието, нема многу простор за елаборирање. Овие рокови се врзани за избор на пратеници, распуштањето треба да се третира по овие рокови, 40 дена рок има претседателот на државата во случај кога има престанок на функцијата, вели Николовска за А1он.

Во Членот 63 од Уставот на Република Македонија е јасно наведено дека избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.

Во изборниот законик го има рокот од 40 дена, но таму е јасно наведено дека тој рок се однесува единствено за избор на нов претседател на државата.

„Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката, од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот“, стои во законот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618