А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кој е Јовица Стефановиќ Нини?

by А1он02/09/2014 - 15:3203/09/2014 - 10:441651
Share0

Какво е минатото на Јовица Стефановиќ, познат како газда Нини од чија изјава ќе зависи целиот судски процес на премиерот Никола Груевски против лидерот на опозцијата Зоран Заев? Судот не дозволи да се појави како сведок Ден Дончев, еден од гласовите на снимениот материјал, иако тој изрази подготвеност да сведочи. Судот таков став немаше и за газда Нини, кој изјави дека не се слушнал никогаш со Никола Груевски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Јовица Стефановиќ, кој сега испадна дека е клучен сведок, има долга историја на приведувања, притвори, судски процеси и матни зделки. Српските медиуми во јуни годинава известија за афера во Зрењанин во која обвинителството истражувало дали Јовица Стефановиќ Нини во магацин на печатница под стечај сокрил два тона парацетамол од “Срболек“.

Пред година и пол српската полиција го уапси Јовица Стефановиќ Нини, заедно со директорот во „Југормедија“, Златко Марковиќ и директорката на компанијата „Нини“ од Ниш, чиј сопственик е исто така газда Нини, заради сомнение дека ја злоупотребиле службената положба и ја оштетиле компанијата „Југоремедија“ за 7 и пол милиони евра.

Газда Нини е апсен и во 2010 година заради сомнение дека проневерил 5 милиони евра од “Срболек“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тој се нашол и на меѓународна потерница кога беше осомничен дека еден директор на банка во Ниш го терал да му помогне да го откупи мнозинскиот капитал во таа банка.

Јовица Стефановиќ познат како Газда Нини за прв пат во Македонија доаѓа во 1998 година. Истовремено, во Србија тој е вмешан во афера со Тутунската индустрија Ниш. Во Македонија, Нини ја купува фабриката за лекови „Јака 80“ од Радовиш, а потоа и „Радо банка“, „Ветфарм трејд“, и „Македонска банка“.

Стефановиќ во српската јавност е познат како бизнис партнер на Предраг Ранковиќ Пецони и како сопственик на фирмите „МД Нини“, „Нишка пивара“, „Луксол“, „Житопромет“, „Просвета“, новосадската фирма „Ветпром“ и „Југормедија“ во Зрењанин.

Двете банки кои ги купи Нини – „Радо банк“, и „Македонска банка“, завршија со ликвидација.

gazda ninigruevskiZaev

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

Горан Наумовски16/07/2026 - 11:06

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Горан Наумовски15/07/2026 - 14:52

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

Горан Наумовски30/05/2026 - 11:41

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:3311/05/2026 - 09:43

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Горан Наумовски03/05/2026 - 10:18

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Горан Наумовски21/04/2026 - 17:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео