Дали Џафери го прекршил Уставот би се одлучувало најрано во септември, Кацарска не кажува нејзино мислење

Од:

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска не очекува судот да одлучува по службена должност, дали собранискиот спикер Талат Џафери го прекршил Уставот, говорејќи на албански јазик, пред Комитетот за надворешни работи, во рамки на самитот „Европски парламент – Западен Балкан“. Кацарска за „А1он“ кажа дека не би можела да каже нејзин став, а доколку има иницијатива ќе се постапува. Но, конечна одлука од судиите, може да се донесе во септември, по одморите.

„Јас не би можела да изнесам мој став околу тоа бидејќи можно е да се поднесе иницијатива во меѓувреме. Јас претходно да го кажам мојот став е непрофесионално, нестручно работење и така натаму. Доколку имаме иницијатива тогаш ќе го кажам мојот став. А како Уставен суд не сме имале колегиум за тоа прашање и не очекувам дека ние по службена должност би покренале постапка. Ние можеме по службена должност да одлучуваме, но не очекувам да го направиме тоа во конкретниот случај“, вели Кацарска за „А1он“.

Во Уставниот суд, нема пракса судиите да одлучуваат по службена должност, туку по поднесена иницијатива од граѓани. Судиите, дури и да се одлучат да постапат по службена должност, тоа може да го направат најрано во септември бидејќи поради летните одмори немаат кворум.

„До сега Судот не одлучувал по службена должност, чекаме да се произнесат надлежните институции, граѓани, да видиме што ќе се случува, не можеме да истрчаме сега. Освен тоа, ние во моментов сме шест, а тоа е крупно прашање. Од друга страна има судии кои се веќе на годишен одмор, што значи не би имале ни кворум за работа во овој период. Доволно е двајца судии да се на годишен одмор и апсолутно не можеме да постапуваме. Затоа велам, и да сакаме ние во овој период, не можеме ни да постапуваме по службена должност. Најрано во септември може да се постапува“, додава Кацарска за „А1он“.

Прва седница, за одлучување на судиите по иницијативата би била откако сите ќе се вратат од одмор.

„Ако има иницијатива има постапка. Не можеме веднаш да добиеме инцијатива и веднаш да седнеме да одлучуваме за тоа. Најрано што би се земал тој предмет на работа би бил септември, освен ако има иницијатива овој период, ако советникот кој што е на работа не користи годишен одмор – веднаш ќе му биде даден на работа и ќе почне постапката. Но, ние како судии на седница не би можеле да одлучуваме ништо на седницата пред септември“, додава Кацарска.

Претходно, собранискиот спикер Талат Џафери во Брисел на „Европски парламент – Западен Балкан“, наместо на македонски, говореше на албански јазик. Уставот пак, е дециден во однос на употребата на македонскиот јазик во меѓународните односи на државата, па така во членот пишува: „на целата територија во Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“. Џафери не гледа одговорност кај себе за прекршувањето на Уставот.

И премиерот Зоран Заев кажа дека Џафери го прекршил Уставот. Но, наместо повик за одговорност, тој посочи дека очекува објаснување од Џафери за тоа што се случило. Поради ова, во Собранието е поднесена и интерпелација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка