А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дачиќ: Владата е подготвена да помогне за решавање на спорот меѓу МПЦ и СПЦ

by А1он28/10/2012 - 15:01170
Share0

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ кажа дека Кумановската битка е историско предупредување дека балканските народи ги остваруваат најголемите победи кога се заедно.

Добивај вести на вибер

„Тоа беше во Првата Балканска војна и тоа е една од ретките војни каде бевме заедно и кога не војувавме едни против други“, рече Дачиќ.

Тој рече дека нема ниедна причина Србија и Македонија да не развиваат поблиски односи „бидејќи се работи за две пријателски земји и два пријателски народи“.

Српскиот премиер рече дека во заеднички интерес е сите спорни прашања да се отстранат со заедничка соработка.

„Многу е значајно што денеска оваа свеченост е организирана и договорена со македонската влада. Тоа е многу позитивно“, оцени Дачиќ.

Во однос на најавите дека двете држави треба да се вклучат во решавање на проблемот меѓу МПЦ и СПЦ Дачиќ рече дека не знае дали црквите сакаат некој да се меша, но ако е така, тогаш владата на Србија е подготвена да помогне.

„Македонија и Србија имаат многу заеднички работи. Интересите ни се заеднички и сите проблеми треба да се решаваат по мирен пат и со преговори“, рече тој.

istorijasrbija

Би можело да ве интересира

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он12/01/2026 - 17:3012/01/2026 - 17:17

(ВИДЕО) Србија е под снег: продолжува вонредната состојба, илјадници семејства се без струја

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 10:0212/01/2026 - 15:01

Нешто повеќе од 22.000 потрошувачи во Србија моментално се без електрична енергија

Горан Наумовски11/01/2026 - 08:41

Тинејџер убиен во кафеана во Србија

А1он07/01/2026 - 10:26

Снежно невреме ја зафати Србија, патишта блокирани од снежни наноси и несреќи, градови покриени со снег

Горан Наумовски05/01/2026 - 09:08

Гашиќ: Србија го враќа служењето во армијата, задолжително за мажи, доброволно за жени

Горан Наумовски02/01/2026 - 11:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен