Дачиќ: Стабилноста на Македонија е значајна за целиот регион

Од:

Многу е важно да се задржи стабилноста во Македонија, тоа е значајно за целиот регион, оцени српскиот премиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во изјава за медиумите во рамките на Министерскиот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централно европската иницијатива (ЦЕИ) што денеска се одржа во Охрид.

Како актуелен претседавач на ОБСЕ, тој посочи дека по случувањата во Куманово два пати во Македонија го испратил претставникот за Западен Балкан кој разговарал со државниот врв и претставници на опозицијата.

– Ние ги подржуваме сите настојувања на ЕУ состојбата да се сведе во политички рамки. Осудуваме секаков облик на загрозување на Македонија, секаков облик на насилство и тероризам, а од друга страна ОБСЕ како организација е подготвена исто така да ги даде своите добри услуги, ако постои потреба за тоа, изјави Дачиќ.

ОБСЕ, поосчи, има мисии на терен и претставници на сите држави членки во Секреатијатот во Виена.

– Се трудиме и инсистираме, извештаите кои доаѓаат да бидат објективни, а од друга страна, ние како организација, која функционира на принципот на консензус, лично им кажав на сите македонски официјални лица, дека сме подготвени да делуваме во разрешувањето на внатрешната ситуација, изјави Дачиќ.

Во врска со мигрантите кои транзитираат преку Македонија и Србија да стигнат до Западно-европските земји Дачиќ смета дека ЕУ треба да разгледа механизми како нивните граници се така чуствителни и како поминуваат толкав број мигранти.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот