А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дачиќ: Сакаме во Скопје да разберат дека знаеме се

by А1он22/08/2017 - 11:40384
Share0

Потпретседателот на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, изјави денеска дека одлуката да биде повлечен целиот персонал од амбасадата во Македонија претставува порака до Скопје дека Белград „знае се што договарале или за што се договориле“, а тоа, како што наведе, е нешто што не им се прави на пријателите.

Добивај вести на вибер

Но, и покрај тоа, истакнува Дачиќ, Србија сака добри односи со сите држави во регионот заради мирот и стабилноста.

– Србија сака да ја смири новонастанатата ситуација со Македонија која не се базира на претпоставки, туку на недвосмислено утврдени факти кои говорат за засилено офанзивно дејствување кон Србија, изјави Дачиќ за српската телевизија „Пинк“.

Најави дека за новонастанатата ситуација, српскиот претседател Александар Вучиќ утре телефолнски ќе разговара со македонскиот премиер Зоран Заев, а тој ќе се слушне со својот македонски колега Никола Димитров. И премиерката Ана Бернабиќ ќе има прилика да разговара со Заев на меѓународен собир планиран за наредните денови.

Според Дачиќ, Србија била многу коректна и конструктивна и не се мешала во внатрешните работи во Македонија, дури и, како што вели, во турбулентните времиња кога имаше секојдневни протести.

– Не постои ништо врз основа на што би можело да се утврди дека Србија на каков било начин презела нешто против интересите на Македонија. Напротив, имавме предвид дека тоа е република од поранешна Југославија чиј континуитет Србија го продолжи со Македонија, вели шефот на српската дипломатија.

За најавите од Скопје дека Македонија ќе ги следи повеќето држави од ЕУ во врска со кандидатурата на Косово за членство во УНЕСКО, Дачиќ истакна дека доколку Белград го следи ставот на ЕУ тогаш би можел да ја поништи претходната одлука и да ја признае Македонија под името што го користи Брисел, а тоа е ПЈРМ.

– Многу сме јасни кога велиме дека сакаме да имаме добрососедски односи со Македонија, но тие мора да се базирани на принципите на реципроцитет. А тоа е како вие со нас, така и ние кон вас, изјави потпретседателот на српкста Влада и миннистер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Dacicsrbija

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски05/04/2026 - 18:1105/04/2026 - 18:27

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:00

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 11:4525/03/2026 - 12:05

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски15/03/2026 - 19:0015/03/2026 - 19:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто