Дабиќ: Францускиот предлог не е евидентиран во МНР

Од:

Браќа и сестри треба да знаете дека нашата дипломатија е успешна дипломатија и дека треба да ја чуваме, таа со успех го одработи позиционирањето на Македонија на светската политичка рамка, таа го одработи зачленувањето на Република Македонија во најголемиот број на меѓународни организации. И таа го одработи воспоставувањето на дипломатски односи под нашето уставно име со две третини од државите во светот, а тоа се речиси 140 држави под името Република Македонија“, потсети Зоран Дабиќ на денешниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“.

Тој посочи дека доаѓа од дипломатски синдикат.

„А, она низ што денеска проаѓаме во МНР го нарекуваме бујаризација на МНР. Тука и таму некој ќе се згреши и ќе се излаже па место Ј ќе каже Г ама нема голема разлика. По двегодишната катастрофа во ликот на Бујар Османи, МНР треба да знаете ги живее своите најтешки денови. Дипломатите жестоко се заплашуваат, се казнуваат и се бркаат од работа се со цел да се замолкнат оние што размислуваат со сопствена глава и оние што не прифаќаат да му бидат обичен декор на министерот Османи и параван за покритие на неговите активности“, нагласи Дабиќ.

Дабиќ побара оставка и одговорност од министерот Бујар Османи за неговите предавства.

„Денес министерството за надворешни работи е киднапирано од страна на Бујар Османи, со жестоки репресивни мерки раководството се обидува да ги држи дипломатите во покорност и зависност. Но, тоа нема да помине“, рече Дабиќ.

Тој додаде дека дипломатскиот синдикат јакне од ден на ден. И членовите на синдикатот и денеска се на протестот.

„Бујар ве лажеше дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале. Тоа не е точно“, нагласи Дабиќ.

Би можело да ве интересира

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Димитров од историската комисија: Македонија треба да направи сериозни измени во учебниците, но не е подготвена за промени

A1on

(ВИДЕО) Бучковски: Русија стои зад антибугарските протести и желбата за одржување на референдум

A1on

Да се побара престанок на важноста на Договорот со Бугарија- Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе решава за референдумското прашање

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Бугарски историчари: Цар Самуил и Охрид се бугарски, прва победа во историските спорови со Македонија

A1on