Да скапеме во доживотен затвор ако проневериме еден денар од коридорите на Бехтел и Енка вели Груби

Од:

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска на конференцијата „Бехтел и Енка – можности, предизвици и одговорности“ порача дека не знае кој нормален политичар би се впуштил во корупција со американска компанија.

„Не познавам политичар во нашата земја, во нашиот регион, во нашиот континент, во нашиот свет кој што ќе си дозволи да се впушти во коруптивни дејствија со компании како Бехтел и Енка или пак со држави како САД и Турција“, порача Груби.

Ако се проневери еден денар од проектот за изградба на Коридорите 8 и 10д на Бехтел и Енка да скапеме во доживотен затвор, рече првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби.

„Ние сме подготвени ова да биде најчистиот, најдостоинствениот проект во земјата и најодговорно тврдам дека хајката против е само за дневна политика и партиски калкулации и нема друг мотив. Ниту јас, ниту Бочварски, ниту Бесими, па најмалку премиерот Ковачевски би си дозволиле себеси да се впуштиме во било какво коруптивно дејствие. Ова ни е животен проект на сите нас и сакаме да бидеме успешен“, вели Груби.

Груби информираше дека досега не се исплатени средства а првите авансно плаќање за почеток на градежни работи и тоа ќе биде објавено на порталот Отворени финансии.

-Измените на Законот за работни односи, што се дел од пакетот закони за забрзување на реализацијата на проектот, не значат експлоатација на работниците и злоупотреба на нивните права. Не се работи за 60 часови работа, туку за дополнителни часови со согласност на работниците, рече Груби.

Според Груби, во Договорот никаде не стои исплата на пенали, а домашните градежни компании ќе имаат голема корист во тек на целиот градежен процес со тоа што над 51 процент од работите ќе биде од домашни ресурси.

Би можело да ве интересира

Здружената албанска опозиција: Колку милиони евра ќе се слеат на сметките на „Еуровиа“ и „Ак инвест“?

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

Орце Костов

Груби: Во рацете на „Бехтел и Енка“ е тоа кој ќе биде подизведувач

ВИДЕО: „Бехтел и Енка“ со експлозија означи старт на работата на Коридорот 8, минираше и Агелер

Александар Тодески

А1он ги открива фирмите – подизведувачи на „Бехтел и Енка“ за делницата Гостивар-Букојчани

Шест месеци по првиот „свечен старт“ на изградбата, „Бехтел и Енка“ утре почнува да работи на Коридорите