Да се заштити 500 години старата бука на Пониква

Од:

На терените на Пониква на Осоговските планини во комплексот каде што е сместен мотел ресторанот „Кај Мице“ се наоѓа богата букова шума која овој локалитет го прави секогаш привлечен за туристите и посетителите. Природата го обдарила ова место со голем број на природни реткости преку целата година, почнувајќи од планинско цвеќе, чаеви, шумски плодови, букова шума со ладовина.

Во дворот на мотелот се наоѓа дрво бука за која се вели дека е стара и над 500 години.

Таа е импозантна со свето стебло, но и со крошна која се извила високо во просторот оставајќи несекојдневен впечаток за сите кои ќе се сретнат со неа. Просторот околу буката се користи за одмор под дебелите сенки и ладовината која се создава во текот на летните месеци. Нејзината доминантност во просторот не го остава рамнодушен секој посетител кој сака да се фотографира покрај неа.

– Со цел да се заштити оваа стара бука од пропагање, поведовме граѓанска иницијатива оваа бука да биде заштитена со закон, да биде ставена во регистариот на природни реткости во Осоговијата, какви што ги има се помалку. Бидејќи локалитетот се наоѓа во атарот на општина Пробиштип, ќе треба и општината да се вклучи во овие активности, изјави долгогодишниот планинар од Кочани, Никола Христов.

Инаку со оваа бука и просторот околу неа се поврзани повеќе легенди и преданија за постоењето на Влашките колиби на Пониква, за присуството на голем број влашки семејства на овој простор, за бројните стада овци и друг вид на добиток, за традицијата на подготовка на специјалитети од млеко, млечни производи и компир, за традиционалните обичаи на молзење на стоката, стрижење на овците, белење на волната, па се до традиционалните собири, седенки, селски слави и свадби кои биле составен дел на животот на овој простор.

Токму затоа се предлага оваа стара бука да стане значаен туристички потенцијал за развој на планинскиот туризам во овој дел на Осоговијата. Нејзината заштита ќе значи и достапност до посетителите, бидејќи се помалку се вакви природни реткости во Осоговијата кои останале неуништени од човекот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Полицијата најави пријавa за вчерашниот инцидент на седницата на Советот на Кочани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Советникот на Филипче во Кочани да си поднесе оставка

Горан Наумовски

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ постојано провоцираат за време на седниците на Советот на општина Кочани

А1он

(ВИДЕО) Цветаноски: Дали парите за рекет од „Пулс“ завршувале кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?

(ВИДЕО) Кузеска: Фирмата и сопругата на началникот Салтировски донатори на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски