Да се вработуваат првирангираните здравствени работници, а не дискреционо да решава директорите, предлага Левица

Од:

Прворангираните здравствени работници на конкурсите да имаат законско право да се вработат, а не за нив дискреционо да одлучува директорот, предвидува Предлог законот за дополнување на Законот за здравствена заштита што Левица денеска го поднесе во Собранието.

Пратеничката Јована Мојсовска појасни дека со овој предлог закон ќе се стави крај на партиските вработувања.

-Во постоечкиот Закон за здравствена заштита поради правна недореченост при вработување на здравствени работници, директорот на здравствената установа има дискреционо право да одлучи кое лице ќе биде вработено. Наместо најдоброрангираните кандидати, во пракса често сведочиме како прворангирани кандидати се одбиени за работа, додека се вработуваат кандидати кои се пониско рангирани, со што значително се загрозува професионалноста и стручноста на еден витален сектор како што е здравството, истакна Мојсовска.

Појасни дека предлагаат измена на членот 161 од Законот за здравствена заштита, каде на здравствените установи ќе им се наложи да го изберат најдобриот кандидат согласно редоследот на ранг-листата.

-Последен пример каде прворангиран кандидат беше одбиен за работа е пред само еден месец во здравствената установа во Вевчани, каде при оглас за вработување на медицински сестри, најдобриот кандидат скандалозно бил одбиен за вработување Поради ваквите свесно креирани лоши законски решенија, нашите најдобри лекари и медицински сестри денес лечат во Германија и другите европски држави, само поради тоа што во Македонија партиската книшка е повреднувана од стручноста и професионалноста, Истакна Мојсовска.

Според неа, ваквото лошо законско решение создава силна партизација, која е рак рана на македонското општество, а како што рече, државата стимулира излив на медицински кадар кој е дефицитарен.

Мојсовска апелира владејачкото мнозинство да ја надмине својата партиска суета и да го поддржи овој предлог-закон на Левица.

Би можело да ве интересира

Мојсоска: Министре Алиу, болните од хемофилија чекаат на вашата милост да распишете тендер за лек

А1он

Апасиев: Левица стана снајперист за корумпираните – ќе и поднесе кривична на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска

А1он

Левица: Манипулациите од типот „жена, мајка, крaлица“ не ја перат Дафина

А1он

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Левицата: Радикално кратење на земјоделските субвенции

Горан Наумовски

Левица: Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира