(ВИДЕО) Да му ја запалиме кафеаната

Од:

СДСМ презентираше аудио снимки за кои посочи дека се разговори на Гордана Јанкулоска со Никола Тодоров.

-Ќе кажеме некои инциденти каде се комуњари инволвирани, да се знае кој се хулиганите во оваа држава.

Беше презентиран и разговор помеѓу како што беше посочено Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски за поранешен претседател на општинска и припадник на МВР, за да му се запали кафеаната.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Тодоров

НТ: Да
ГЈ: Нино, завршивте со шефот со изјавата?
НТ: Па вероватно завршил он не знам
ГЈ: Добро..
НТ: Он ми рече во два ќе биде ама треба да прашам сеа
ГЈ: Добро добро ја викам да не има нешто екстра што сметаш дека ние треба да кажеме…
НТ: Не бе битно е тоа мирно мирно мирно.. пет пати мирно толку
ГЈ: Битно да да да
НТ: Се тече мирно толку…
ГЈ: Види ќе кажеме некои инциденти кај шо се комуњари инволвирани
НТ: Да ама дека е се разрешено и дека инсституциите функционираат беспрекорно..
ГЈ: За да се знае кои се хулиганите во оваа држава
НТ: Да да
ГЈ: Тоа е најбитно
НТ: Океј Горде
ГЈ: Зашо после и они нешо ако мрчат ќе кажеме вие сте криви еве глеам полека доаѓаат новинариве кај нас, ок се слушаме
НТ: Ајде чао

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски

ГЈ: Абе, овој будалава да ти кажам, Ивица Тошевски.
КБ: Е?
ГЈ: Знаеш шо зборел?
КБ: А.
ГЈ: Пошто нели го решивме него, го преместивме и кажал, абе јас многу се изнамачив, ама некако договорив ова, она, да ме префрлат, ептен овдека сум фаца. А, што е фаца, овдека беше началник, сега е џандар обичен. Вика, со врски ме префрлија овдека, ама добро, ја држам позиции. Сега кога ќе го зачукам негде дополнително.
КБ: Види, тој треба да, размислував за него сабајле, една порака да се упати, пошто ако вака оставиме, човекот нé победи нас, практично.
ГЈ: Да бе, да. Абе види, он е поранешен претседател на Општински, значи каков, таков, има некоја структура.
КБ: И на Општински е, плус џандар, тоа си има влијание у тие краеви.
ГЈ: Да де, да, независно каков е.
КБ: И мислам дека треба да летне и он. Жена му, сега почнав да барам кај работи, треба да ги оставиме без ништо.
ГЈ: Знаеш, он е глуп човек. Значи, сега ќе го пуштиме инспектор.
КБ: И тоа кафаната треба да му ја запалиме. И така. Тие три работи, мора да се направи тоа.
ГЈ: Јас, знаеш што мислам? Значи, он не знае да работи, неспособен е. Значи, он сé што има, има од партијата.
КБ: Да.
ГЈ: И јас сега го чекам на прва грешка за да можам да го избркам, оти вака, ќе го шетам, он ќе праи приказни како е награден и уште ќе ме нервира дополнително.
КБ: Не, да се избрка треба. И он и жена му. И кафаната да му ја растуриме и тоа е.
ГЈ: Прво излегување на терен, он грешка ќе направи. Процедури не знае. Ќе го фатиме и ќе му е…е матер.
КБ: Да, стај му една лепенка да го гледа и тоа е.
ГЈ: Абе, тој и да не го гледа, ќе ја оплеска, глуп е чоеков. Значи, како да ти кажам, ништо не знае да работи.
КБ: М, м, м.
ГЈ: Така да, прво излегување на терен, он ќе ја оплеска и ќе лета од работа.
КБ: Да, да. Фокусирај се на него, пошто знаеш, многу лоша порака ќе направиме ако ништо не напраиме.
ГЈ: Да де, да.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски