(ВИДЕО) Да им ги исклучиме лифтовите, да не може да гласаат

Од:

СДСМ презентираше разговори за кои посочи дека се помеѓу министрите Миле Јанакиески со Никола Тодоров.

Се разговара за исклучувањето на лифтовите во Центар за да не може од повисоките спратови да излегуваат на гласање.

Разговор меѓу Миле Јанакиески и Никола Тодоров

НТ: Еее…
МЈ: Исто Нино како и вториот круг…
НТ: Исто како вториот а?
МЈ: 200 гласови помалку ако тоа ти е.. минатиот пат имало 2 550 сега има 277… т.е 2770 имало во вториот круг 2660 имало во вториот круг сега има 2500…
НТ: А ние нашите колку помалце сме ги извадиле или исто ги вадиме нашите?
МЈ: Со помал притисок
НТ: Значи тие 200 се нашите уствари хаха
МЈ: Да де да
НТ: хаха.. па ништо не сме напраиле…
МЈ: Да да затоа ти викам исто е…
НТ: Да да.
МЈ: Нема еве си излегуваат стариве масовно…
НТ: Си излегуваат а?
МЈ: Гиевски не прееба сабајле требаше да се исклучуваат лифтовите сега ќе ги исклучуваме ние механички.. тешко.
НТ: Нема тоа требаше сабејле Миле попладне џабе.. и попладне не искачаат, сабајле искачаат…
МЈ: Мала е излезеноста. Помеѓу 10 и 12 е најголема излезеност…
НТ: Помеѓу 10 и 12 ама гледај ја ти структурата на тие шо излагаат. Структурта на тие шо излагаат е понормална вака ко тебе ко мене…
МЈ: Сега има 2 ипол илјади гласови до сега излезено… 10 посто не 10 ипол.
НТ: Тоа е, не се нервирај ајде, сеа со шефот зборев, он сега влага у авион
МЈ: И јас зборев…

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски