Д-р Васев од Онкологија: Земавме лекови на реверс за да не се загрози животот на пациентите, не земавме градежен материјал

Од:

Доктор Нино Васев како поранешен директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија пред анкетната комисија во Собранието призна дека во негово време се користеле лекови земени на реверс само во случаите кога не смееле да дозволат да се прекине терапијата на пациенти кои веќе почнале да ја примаат иако тоа правно не било дозволиво.

„Се согласувам дека реверсот не треба да се користи. Главна намена на реверсите беше да не се прекине биолошката терапија која почнале да ја земаат пациентите. Тендерската постапка за тие лекови беше почната, не е земен реверс без постапка. Постапката беше почната, но два-три месеци задоцни. Ниту јас, ниту кој било не смеевме да го загрози животот на пациентите кои веќе почнале да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив, и тоа е поскапо. Се судираат хипократова заклетва со правна одговорност. Не сме земале столици и градежен материјал, сме земале лекови од една фирма кога и не може друга да конкурира – истакна Васев.

Васев објасни зошто тој лично со потпис одобрувал кој пациент ќе добие терапија. Раководителите на одделенија одлучувале кому ќе му дадат лек и не си се мешале едни на други во работата, а кај него на потпис стигнувале оти водел евиденција.

„Докторите ги пишуваа историите со лекови, сестрите ги собираа историите, доаѓаа кај мене за потпис не за тоа дали да зема или не, туку дека тој лек го има на Институтот и јас си водев евиденција да не прејдеме количини кои ни беа строго дефинирани. Не знам во кој случај било загрозено правото на пациентите да имаат пристап до биолошката терапија ако на сите пациенти се одобрува терапијата“, рече поранешниот директор Васев.

Поранешниот директор Васев призна дека е неуспех тоа што не вовел пракса за стручен колегиум на кој барем еднаш неделно сите лекари од Клиниката ќе седнат на исто место. Стручен колегиум, тој рече дека на Онкологија не се одржал 10 години.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

Орце Костов

СДСМ: По 20 години, во наше време, се расчистува случајот Онкологија, лагата на ДПМНЕ се покажа и со Анкетната комисија

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Се кратела ли терапија од пациенти, се препишувале ли лекови на починати, каде завршиле скапите лекови – хаос во документацијата на Онкологија

Тројца онколози и двајцата директори осомничени за скандалот Онкологија – обвинителството отвори постапка

Васев уште е во полициска станица, обвинителството треба да одлучи какви мерки ќе бидат побарани

Александар Тодески