Д-р Муса: Во струшката болница од морбили се заболени 9 вработени од вкупно 56 на хируршкото одделение

Од:

„Од 56 здравствени работници кои се вработени во ова одделение, во моментов 9 од овие 56 се заболени од морбили, додека пак 5 здравствени работници имаат прележано и се на своето работно место. Не е точна бројката од 50%, туку се заболени 16% од вработените“, изјави заменик министерот Муса.

Во Општата болница, 70% од вработените се вакцинирани. Оние кои не се вакцинирани ќе бидат вакцинирани во најкраток период со МРП вакцина.

Хируршкото одделение ќе биде затворено една недела, а пациентите и понатаму ќе ја имаат потребната неопходна здравствена заштита. Тие ќе бидат испраќани во Охрид и Битола.

Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се вакцинирани вкупно 1.780 лица, од нив повеќе од 65% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 25.808.

Вакцинацијата е единствената мерка за спречување на ширење на епидемијата од морбили и подигнување на колективниот имунитет.

Би можело да ве интересира

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

Четири потврдени случаи со морбили, се испитува нивна евентуална поврзаност

Клековски: Апел да се вакцинираат децата против морбили за да превенираме можна епидемија по растот на случаи во Косово и Бугарија

Во Аеродром, Карпош и Центар низок опфат со МРП вакцина, висок ризик од појава на епидемија со морбили

Андоновска: Секој суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

13-месечното дете од Свети Николе заразено со морбили е во добра здравствена состојба

Ана Ололовска