„Од 56 здравствени работници кои се вработени во ова одделение, во моментов 9 од овие 56 се заболени од морбили, додека пак 5 здравствени работници имаат прележано и се на своето работно место. Не е точна бројката од 50%, туку се заболени 16% од вработените“, изјави заменик министерот Муса.
Во Општата болница, 70% од вработените се вакцинирани. Оние кои не се вакцинирани ќе бидат вакцинирани во најкраток период со МРП вакцина.
Хируршкото одделение ќе биде затворено една недела, а пациентите и понатаму ќе ја имаат потребната неопходна здравствена заштита. Тие ќе бидат испраќани во Охрид и Битола.
Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се вакцинирани вкупно 1.780 лица, од нив повеќе од 65% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.
Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 25.808.
Вакцинацијата е единствената мерка за спречување на ширење на епидемијата од морбили и подигнување на колективниот имунитет.