Д-р Марјан Ѓуровски нов претседател на Македонското политолошко друштво

Од:

Македонското политолошко друштво за нов претседател го изгра д-р Марјан Ѓуровски Продекан за наука и развој на Факултетот за безбедност-Скопје и досегашен генерален секретар на асоцијацијата кој едногласно доби мандат нa редовното изборно Собрание на друштвото што се одржа на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје во кое членуваат професори од политичките науки од сите Универзитети во Република Македонија, како и други политолози од земјата.

Оваа функција доц. д-р Ѓуровски ја презема од проф. д-р Ненад Марковиќ кој во изминатите четири години успешно раководеше со оваа организација чиј прв претседател беше професот Димитар Мирчев.

Во престојниот период од страна на новиот претседател Ѓуровски ќе се интензивираат активности за поврзување на македонската политолошка мисла и истражувачка практика со соодветните организации во земјата и странство, како и формирање на мрежи на истражувачи на политолошките феномени на домашен, регионален и меѓународен план.

Меѓу другото Ѓуровски со новото раководство на Друштвото ќе се посвети на развивање на активности со кои ќе се афирмира развојот на политолошката мисла и на политичките науки како дел од општествените залагања за научен и културен прогрес на заедницата, кон афирмација на научно-истражувачките дострели на научните и други институции во политолошката наука, како и настојување политиколошката професија да се афирмира како потенцијал за побрзиот општествен, културен и научен развиток, подигнување на свеста кај населението особено, кај младите преку обуки, семинари, форуми, конференции и слично за потребата од научно промислување и практикување на политиката, поттикнување и стимулација за работа во институциите и организациите со постојана афирмација на слободата, слободниот човеков развој, владеењето на правото и правната држава, како гаранти за слободен развој на поединецот и на заедницата во целината; развивање активности за афирмација на мултиетничките и мултикултурните вредностите преку различни студиски облици и соработка; организирање на културни и јавни настани и проекти;разгледување, оценување и завземање определени ставови во однос на актуелни прашања поврзани со развојот на политиколошката наука и положбата на професијата политолог.

Здружението со своето дејствување пред себе си постави цели и задачи за развивање на активности со кои ќе се јакне свеста за положбата и значењето на професијата политолог во системот на образовните профили и занимања во Република Македонија. На годишното изборно собрание беа избрани нови органи и тела на асоцијацијата кој ќе ја раководат асоцијацијата во следните две години.

Би можело да ве интересира

Македонија на 63 место според „Индексот на владеење на правото“

А1он

Македонија на 64-то место во светот според Индексот за владеење на правото на Светскиот проект за правда

А1он

Бернс: Донираната опрема е чекор кон зајакнување на владеењето на правото

Ана Ололовска

Стапи во сила Законот за бесплатна правна помош

Ана Ололовска

Прибе: Независни политичари услов за владеење на правото

Ана Ололовска

Шкариќ: Злоупотреби на правото има многу, а за нив малку се зборува

Ана Ололовска