Цветковски: Историска грешка на Куманово е Дамјановски

Од:

Виктор Цветковски, генерален секретар на ГРОМ, денеска на прес-конференција во Куманово изјави дека актуелниот кумановски гардоначалник Дамјановски е историска грешка на Куманово, по вчерашната изјава на Дамјановски дека е историска грешка што Цветковски му дал делумна поддршка на неговиот противкандидат во вториот круг.

Тој го обвини Дамјановски за непринципиелност, бидејќи, рече, два пати бил исклучен од СДСМ и за помалку од два месеци барал поддршка. Вели дека во тој период, тој и неговите поддржувачи биле „мета“ на погрдните зборови што кон него, подвлече, ги упатиле поддржувачите на Дамјановски. Цветковски изјави дека граѓаните на Куманово се уште ги враќаат долговите, за кои вели, им е даден залог на неколку луѓе меѓу двата изборни круга.

– Принципиелно е да кажете кои структури работеа за Вас во вториот круг и го суспениравте општинскиот штаб на СДСМ, а се затваравте во мала канцеларија со тројца луѓе,  рече Цветковски.

Одговарајќи на обвинувањата на Дамјановски дека тој и неговото семејство уживале благодети, Цветковски рече дека Дамјановски веројатно мислел на неговите блиски роднини, за кои рече дека имаат позиции во јавните претпријатија. Тој рече и дека Дамјановски има бизнис интереси во урбанизмот, поради што градот станал „карикатура“.

– Градскиот превоз и превозот на ученици кој зад кулисите сите знаат дека е Ваш бизнис кога подлежат на контроли на надлежните институции, Вас лично Ве болат, а се криете зад чесните членови на СДСМ, изјави Цветковски и подвлече дека институциите ќе побараат одговорност за „грешките“ што ги правел Дамјановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

А1он

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он

(ВИДЕО) Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот власта крати средства за социјални надоместоци

А1он

(ВИДЕО) Битиќи : Ребалансот e признание дека Владата ја загубила финансиската контрола

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

(ВИДЕО) Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов