Цветковски: ГРОМ ќе работи за граѓаните

Од:

Лидерот на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски и носителот на листата за пратеници од 2. Изборна единица Виктор Цветковски вечерва на митинг во Куманово ја побараа довербата од граѓаните на претстојните предвремени парламентарни избори.

Претходно тие остварија средби со жителите на Куманово, од кои Јакимовси рече дека дека добил поинаква слика за состојбите во градот.

– При денешните  разговори со кумановци добив една сосема поинаква слика за состојбата во градот. Очекував тие да имаат најмалку проблеми. Мислев дека поради спротивставеноста на двете најголеми партии, тука се борат и опозицијата и власта што повеќе да вложат, но не било така. Се жалеа на невработеност, лоша инфраструктура, низок стандард на граѓаните. Куманово не може да го излечи само Авганистан, тоа е само привремено решение, ние од Граѓанската опција за Македонија нудиме конкретни решенија за излез од оваа кризна состојба, рече Јакимовски.

Цветковски истакна дека ГРОМ ќе биде партија, која откако ќе влезе во парламентот, нема да ги заборави граѓаните, туку ќе работи за нив, ќе ги слуша нивните проблеми и ќе ги застапува нивните интереси.

– Само на тој начин кумановци ќе имаат можност да кажат и да пренесат за каналот во „Ѓорче Петров“, што не е направен и улицата што до пола е асфалтирана, за водомерите што се извадени, за водомери во „Бабин Дол“ и „Тоде Мендол“, истакна Цветковски.

На митингот во Куманово се обратија и лидертот на Српска Напредна Странка Драгиша Милетиќ и претседателката на општинската организација на ГРОМ Лидија Јовановска. Тие повикаа граѓаните да и  дадат можност на третата опција која има граѓански концепт.

Во текот на денот, кандидатите за пратеници од ГРОМ во втората изборна единица остварија средби и со  граѓаните од селата Режановце и Лопате, населбата „Средорек“ и го посетија „Зелениот пазар“ во Куманово.

Би можело да ве интересира

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години

Локални избори во Хрватска: Затворени гласачки места, ниска излезност